Један веома отрежњавајући наслов у Новој Македонији (Река избеглоца крије "речне" монструме), а и чланак је добар.
"Реката од бегалци крие „речни“ монструми
- „Нова Македонија“ во неколку продолженија ќе ги анализира негативните ефекти од војните во Ирак и во Сирија, кои од Блискиот Исток се прелеваат и стануваат закана за безбедноста на Европа, особено на Балканот. Серијалот анализи и конкретни примери на оваа тема на македонската јавност треба да ѝ го доближи и целосно да го објасни негативниот аспект на овие случувања. - Од широката палета закани што потекнуваат од овој регион стручната безбедносна заедница во Македонија е согласна дека за нас се исклучително проблематични три фактори: бранот бегалци што веќе е присутен на големо во регионот, увезениот верски радикализам и тероризам како реална закана за граѓаните и за материјалните добра во нашата држава, која веќе не е само транзит, како и опасноста што со себе ја носат приврзаниците на радикалните исламистички групи што потекнуваат од Балканот, војуваат во овие војни, а нивните домицилни држави се Македонија, Србија, БиХ... l Како ќе се справат државите во регионов и пошироко со ваквите безбедносни предизвици, дали безбедносните служби имаат план или заедничка стратегија за спротивставување на новите форми на насилство од позиции на верски фундаментализам и како граѓаните да препознаат вакви форми на закана заради превенција?"
http://www.novamakedonija.mk/NewsDetal.asp?vest=72.....anie=23526
|